Учениците од следната учебна година добиваат пролетен распуст

Петар Печков

Во учебната 2023/2024 основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст во периодот од 29 април до 5 мај, а учебната година ќе трае до 17 јуни, соопшти Министерството за образование и наука (МОН).

Владата на денешната седница, на предлог на МОН,  одлучи учебната година да почне на 1 септември, а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година.

„Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари. Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година“, информира МОН.

 фото архива

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати