Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 ноември 2024
Признание во Солун на меѓунродната филателистичка изложба 20 Балкан фила за публикацијата „Сто години историја на Велес на поштенски картички“. Автори на ова дело се Виктор Габер и Зоран Стрезоски, која биле оценета со 85 бода и освои позлатен медал.
Во „Сто години историја на Велес на поштенски картички“ ја има првата поштенска картичка од Велес, издадена 1899 на турски јазик, од велешанецот Тодор Христов, со поздрав од Купурли- турското име на Велес. Таа е со стариот мост и градот од околината во позадина. Истата на 24 март 1899 година е испратена за Венеција.
Оваа манифестација се одржа од 13 до 16 ноември во Солун, во организација на Грчката филателистичката федерација. На неа учествуваа филателистичките организации од дваесетина држави, од сите балкански земји заедно со неколку гости од други региони.
Во просториите на Меѓународниот саем во Солун посетителите имаа можност да се запознаат со колекциите на повеќе од 300 филателисти, изложени во над 2.000 витрини.
Сојузот на филателисти на Македонија на оваа изложба беше претставен со збирки и материјали на седум свои членови. Меѓународното жири додели највисоки оценки за збирката на Дончо Георгиев под наслов „Мојата убава земја“ и со 86 бода се закити со златен медал.
повеќе за оваа публикација овде