Koи природни чешми и селски водоводи се со небезбедна вода за пиење

Петар Печков

Во сите случаи кога  водата била неисправна, по улица каде се наоѓаат: сите пет чешми на ул. Љубљанска 10 испитувања, 10 неисправни, чешмата на  ул Тодор Јанев бр.75 од три испитувања два пати водата била неисправна, ул. Тодор Јанев три испитувања три пати неисправна, ул. Орце Мартинов бр.45 еднаш испитана и таа неисправна, Бојаџиина, четири пати испитувана, два пати неисправна, Петрова два пати испитувана, два пати неисправна, на СВ. Пантелејмон еднаш испитана еднаш неисправна, исто и со чешмата кај Јавор под Гроот, еднаш испитана и неисправна,  на ул. Стојан Бурчевски двете чешми по еднаш испитани и двете со неисправна вода за пиење. 

Кај Петрова црква, три пати испитана, два пати неисправна, на Чука, два пати испитана, два пати неисправна.

Водата во селските водоводи во однос на бактериолошката  состојбата е следна. Во Кумарино каде селскиот водовод не се хлорира како и селската природна чешма, четири испитувања сите неисправни, во Бузалково десет испитувања – на водата од бунарот од училиштето и две природни чешми, сите неисправни, во Раштани во 15 испитувања, четири на водовод кој е без хлорирање и 11 на три селски чешми, сите неисправни, во Сливик од 7 испитувања, 4 на бунар и 3 на чешма во дол, сите примероци се неисправни.

Во Караслари од 5 испитувања на природна чешма сите пет пати водата била неисправна,  во Мамутчево од четири испитувања, едно  од двете за водоводот каде водата не се хлорира, била неисправна а двете испитувања на природната чешма биле неисправни.  

Во село Црквино од 9 испитувања во 7 случаи водите од 4 природни чешми биле неисправни. Во Башино Село од две испитувања на селскиот водовод кој е без хлорирање еднаш водата била неисправна а од селската чешма под јаворот од осум испитувања три пати била неисправна, што говори за непостојан квалитет.  Податоците се на Центарот за јавно здравје Велес, 2023 година

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати