Петар Печков
Објавено: петок, 07 јуни 2024
Андреј Петровски од Градско го освои второто место на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари” кој се одржа во Куманово. Тој беше победник на општинскиот натпревар одржан во Велес и учествуваат ученици од основните училишта.
На него учествуаа 25 ученика. Победник на годинашниот натпревар е Ардита Зенку од Кичево, додека третото место и припадна на Анисија Петрушевска од Скопје.
Ментор на Петровски беше Лидија Каратулкова од Градско. Првите три места добија подарок книга и вредносен ваучер како донација од Нептун Македонија.
Републичкиот натпревар беше 23 по ред а догодина ќе се одржи во Кичево.
Фото ФБ/ Локална библиотека Гоце Делчев