Велес дал четворица народни херои, меѓу нив и Ангел Мојсовски, малку познат на јавноста

Петар Печков

Велес во НОБ дал четворица народни херои, Благој Страчковски, Димче Мирчев, Страхил Гигов кои се познати на велешката јавност и Ангел Мојсовски.

Тој е  роден во велешкото село Ораовец на  15 мај 1923, починал во  Скопје на  17 март 2001. На 11 октомври 1953 година е прогласен за народен херој. Носител е и на Партизанска споменица 1941.

Роден и израснал во во работничко семејство. Уште како млад бил испратен во Велес да учи механичарски занает, каде истовремено учел во вечерно училиште.

Во втората половина на 1941 година, Ангел заминал на работа во рудникот „Језерина“ на Космет. На 9 септември 1942 година, Ангел ја минирал електричната централа на рудникот, и веднаш заминал во партизани.Во 1942 година веќе бил борец на Шарпланинскиот.

Во 1943 година со дел од Одредот се префрлил во Кумановскиот партизански одред. На 26 февруари влегол во стројот на новоформираната Трета македонска ударна бригада.

Бил командант на Вториот баталјон „Орце Николов“, а подоцна и на Третиот баталјон на Третата македонска бригада.

По војната бил командант на КНОЈ-евската дивизија, на Дванаесеттата бригада и на други воени единици, а едно време ја извршувал и функцијата инспектор на Главната инспекција на ЈНА. Пензиониран е во 1980 година.

извор википедија

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати