Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 јануари 2024
Велешанец уапсен близу границата кон Бугарија откако во автомобилот кој го управувал, пронајдени 12 мобилни телефони,за кои не поседувал потребна документација. Детали од информацијата на МВР.
„На 25 јануари околу 20.30 часот на патот Граничен премин Деве Баир – Крива Паланка, на место викано „Торанички пат“, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност го привеле И.К.(45 год) од Велес. При преглед во возило „ауди“ со германски цол таблици, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 12 мобилни телефони за кои не поседувал документација“ - соопштија од МВР.
Лицето било предадено во Полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.