Велешанката Бојана Кацарова ја доби наградата за најдобар завршен студент на факултетите за медицина

Петар Печков

Бојана Кацарова ја доби наградата „Примариус д-р Димитар Ивановски“ што секоја година Лекарската комора на Македонија им ја доделува на тројцата студенти со највисок просек на трите државни медицински факултети во рамки на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) и „Гоце Делчев“ во Штип (УГД). Таа е студне на УГД.  Признанието го добија и Анастасија Петличковска, Аљбина Рамадани, завршени студентки на УКИМ и ДУТ.

„Студирањето медицина беше навистина исцрпувачки процес. Многу работи се тука во прашање, почнувајќи од финансиски аспект. Жалосно е што студирањето медицина, како и кој било друг државен факултет, на некој начин, е олеснето само за оние студенти кои се финансиски стабилни. Многу е тешко и мачно да се истера, особено еден ваков тежок државен факултет со многу одговорна професија и захтевно студирање, без притоа да си финансиски моќен. Тоа е проблем. Од ништо да направиш нешто и сам да создадеш можности, скратувајќи си сам на себе одредени лагодности“- кажа Кацарова за процесот на студирање.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати