Во новата учебна година во Велес има 25 првачиња помалку, отколку што се родиле деца во 2018 година

Петар Печков

Новата учебна година 2024/25  во Велес и велешко започна тековно, без проблеми. Во неа настава ќе следат над 7,1 илјади ученици од нив 5,2 илјади основци и 1,9 илјади средношколци. Точниот број ќе биде дополнително познат.

Познато е дека во прва година во средните училишта во Велес, има 553 ученика додека во прво одделение во седумте основни училишта има 470 првачиња. Тоа е за 25 деца помалку, отколку што се родени во 2018 година, година за која се врши упис на тогаш родени деца.

Според денес објавената статистика на  Центарот за граѓански комуникации  општина Велес не се наоѓа меѓу општините со најголемо намалување на ученици основци ни по бројка каде се Тетово, Гази баба, Центар, Струга, Куманово, Гостивар  ниту по  процент – Ново село, Маврово-Ростуше, Вевчани, Кратово, Пехчево. Велес не е ниту на листата на општини со најбројно намалување на средношколци каде се Тетово, Бутел, Гостивар, Куманово и Струмица, ниту по процент каде се Пехчево, Врапчиште, Ѓорче Петров, Боговиње, Македонcки брод, Крушево.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати