Петар Печков
Објавено: четврток, 30 мај 2024
Отворениот ден во Економскоо училиште „Јовче Тесличков“, беше можност за презентација на наставните можности и образовниот процес. Настанот беше посетен од бројни ученици од основни улчилишта од градот, од ученици кои се деветто одделенци и од есен ќе бидат во повисок степен на образование во прва година средно.
„На овој ден идните ученици во прва години ги запознаваме со образовните профили кои ги нуди училиштето, просторните услови, техничките услови. Освен овој едукативен дел имаме и забавен дел, по што сме различни од другите средни училишта. Секоја година се трудиме да бидеме поразлични, и во концептот на претставувањето и во однос на другите училишта. Ние сме економско училиште а познато е колку е битна економијата за секоја држава. Поконкретно посебно маркетингот, кој се изучува кај нас“ – кажа Васко Трајковски, директор на училиштетот.
Тој ги образложи профилите, кои учениците можат да ги изучуваат од есен.
„Од септември нудиме профил техничар за Е трговија и маркетинг, која според сите истражувања во светски рамки е најбарана професија, каде имаме комбинација на економија, маркетинг и информатика. Нудиме и комбинирана настава за економски техничар и бизнис администратор со четири ггодишно обраозвание, која е дуална со зголем број на часови практична настава. За овој профил имаме склучено довор за соработка со неколку јавни и приватни фирми од градот. Како дуална паралелка, сите ученици добиваат 3,5 илјади денари стипендија од државата. За три годишно образование нудиме два профили – асистент деловен администратор и продавач, за која исто така имаме склучено договор како дуална паралелка со ланец маркети и овие ученици добиваат стипендија од 3,5 илјади денари месечно од државата“ – додаде Трајковски.