Градежните работи на ул. Луј Пастер ги покачија вредностите за загаден воздух во Велес, поради близината на мерниот инструмент

Петар Печков

Градежните работи кои два дена се одвиваа на улицата Луј Пастер, во населба Керамидна, ја покачија загаденоста на воздухот во Велес.

Во четвртокот мерните инструменти на Министерството  зз животна средина измериле  скоро гранични 50 мг/м3 поточно 49,3 додека во петокот беа измерени 62,4 мг/м3, со тоа е надмината граничната вредност од 50 мг на м3.

Денес сабота часовните вредности се далеку пониски, во претпладневниот период кога не се одвиваа така интензивни градежни активности на оваа улица.

Таа се наоѓа на стотина метри далечина од мерниот апарат на Министеството за животна средина, кој е лоциран во дворот на детската градинка во населба Тунел, спроти локацијата каде се работат градежни зафати.  

Слична состојба имаше и во април 2023 кога поради градежни зафати на улицата Благој Ѓорев, мерните инструменти мереа со денови вредности над максимално дозволените.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати