Детската градинка со нови простории доби дополнителни 75 места за упис на деца, но и сензорна соба за децата со попречености

Петар Печков

Во Детската градинка „Детелинки 3“  денес  беше предадена во употреба  нова просторија со која се  зголемува капацитетот на деца за  нови 75  места. Беше предадена за користење и сензорна соба. Овој чин  на промоција  го изврши  Министерката за труд Јована Тренчовска и амбасадорот на Народна Република Кина во Скопје Џанк Цуо.

„Денес одбележуваме два настани кои се ново поглавје во работата, растот и развојот на Детската градинка од Велес. Со задоволство објавувам дека го проширивме капацитетите за престој на деца, со три занимани и место за 75 дечиња. Тоа е инвестиција од еден милион денари од буџетот на Министерството за  труд и социјална политика. За децата има прекрасен простор со најнов мебел и дидактичка опрема, која ги задоволува сите стандарди. Така родителите ќе бидат безгрижни оти децата ќе бидат згрижени“ - рече министерката Тренчовска.

Беше отворена и сензорна соба за децата со попречености. Тоа е донација на Амбасада на Народна Република Кина, во висина од 50 илјади евра за три такви соби во градинките во Гевгелија, Струмица и Велес.

„Соба која нуди многу во време на рана интервенција за децата со било каква попреченост за да можат тие да се отстранат.  Собата е простор кој е дизајниран да ги стимулира сетилата на децата со пречки во развојот“ - додаде Тренчовска.  Амбасадорот Џанк Цуо со пофални зборови се обрати до велешани и градот за кој кажа дека има богата историја.

„Ова е уше еден резултат на соработката на Кинеска амбасада и Министерството за труд и социјална политика. Многу сум среќен што можам да придонесам за развојот и образованието на децата во Северна Македонија“ - рече амбасадорот Џанк Цуо.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати