Започнаа да се активираат времено исклучените улични светилки низ Велес

Петар Печков

Кога планира да се регулира уличното осветлување и кога се планира да се променат светилките, нивна замена со штедливи праша советникот Димитар Абрашев на последната седница, кога имаше советнички прашања.

„Деновиве интензивно се работи на палење на светилките, кои беа времено исклучени преку една. Потоа следи промена на прегорените светилки.  Да ја потсетам јавноста дека моравме да исклучуваме дел од уличното осветлување. Кога дојдов на позиција градоначалник, имаше раскинат договор од страна на универзалниот снабдувач и се снабдувавме преку краен снабдувач. Па сметките за струја дојдоа на 6, 7 и 8 милиони денари на месечно ниво а а претходно се плаќало до еден милиони или два.  Тоа направи сериозен проблем со финансиите во локална власт. Имаме разлика која ја плативме за струја за уличното осветлување, од 49 милиони денари. Тоа е колку што кошта долниот дел од пазарот ете толку плативме разлика.  Штедевме за да платиме помалку, да намалиме киловати. Тоа исто го направија исто и други општини, каде градоначалници се од сите партии, Центар, Струга, Карпош.. Не должиме за струја ниту денар. Имаме Одлука за јавна набавка и модернизација на јавното осветлување во Велес. На 23 август  е отпочината постапка за избор на фирма за промена на уличното осветлување повеќе до 4,6 илјади светилки,  овие бели се слаби, не ја даваат потребната светлина“ - кажа градоначалникот Марко Колев.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати