Започна наставата за бруцошите од Технолошко-технички факултет од Велес

Петар Печков

Одбележан првиот академски час за новата генерација студенти на Технолошко-технички факултет, co седиште во Велес. На присутните студенти добредојде и успешен почеток на академската  2024/25 година им посакаа Деканот  Татјана Калевска и присутните продекани и професори.

Факултетот работи во рамките на Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола. Во прва годинa имаше слбодни 50 мeста а се запишаа 9 студенти, четвoрiца редовни и петмина вонредни. Тие посетуваат настава на две насоки прехранбена технологија и биотехнологија, како и нутриционизам. 

Вчера објавеното истражување на Центарот за граѓанска комуникација донесе разочарувачки податок.  Технолошко-техничкиот факултет со седиште во Велес има најголем пад на ново запишани студенти во период од последните десет години, во рамките  на битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“, со процентот   86 отсто.  

Фото ФБ /ТТФ Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати