Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 октомври 2024
И покрај напорите и желбата на локалната власт да се покрие каналот со отпадна вода, кој е близу управната зграда на ЈКП Дервен тоа не е можно, посочи градоначалникот Марко Колев, одговорајќи на советничко прашње од Игро Смилев.
Овој канал ги опфаќа отпадните и атмосферски води од иднустрискиот дел околу Железничката станица. Од каналoт се шири смредеа за што регираат жителите кои гравитираат кон овој дел на населбата.
„Било предвидено да се покрие, за што биле побарани средства од претходниот градоначалник од ТАВ програмата. Државата го отфрлила барањето, кажала дека некои канали не може да се затворат, оти може во одреден период да надојдат води и да направат штета, да пукнат. Затоа остануваат отворени. Таков е случајот и со каналот кај кафеаната Марија кај ОУ Васил Главинов. И тој не може да се покрие, има објектот тука направено узурпација, кажано му е дека треба да се отстрани, за да се исчисти каналот“ – кажа градоначалникот Колев.