Илија Попов е избран за директор на велешката Гимназија

Петар Печков

Илија  Попов е избран за  директор на Гимназијата Кочо Рацин“ од Велес. Изборот  е по распишаниот конкурс од страна на училиштето за избор на оваа позиција.

Попов е дипломиран  професор по физичко образование, спорт и здравје. Тој на оваа позиција ќе биде во следните четири години.

Претходно Попов беше в.д.  директор на најстарата образовна институција во Македонија, Гимназијата Кочо Рацин. 

Од Сојуз на спортови и Општина Велес избран за најуспешен спортски педагог за 2018 година

По повод 9-ти Ноември во 2017 година, добил благодарница за придонесот и развојот на пливачките спортови во Велес и Република Македонија. 

Изборот е од страна на градоначалникот Колев а по предлог  на Училишниот одбор на ова средно училиште.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати