Петар Печков
Објавено: четврток, 08 февруари 2024
Во текот на вчерашниот ден, среда, во Полициската станица Велес беше одржана крводарителска акција. Крв даруваа вработените во СВР Велес.
„Во голем број дарителите се одѕваа на повикот за учество на крводарителската акција. Крв даруваа 29 припадници на полицијата, што е втор најголем број во изминативе пет години. Двајца од нив даруваа за прв пат и станаа дел од најхуманото семејство во државата“ - соопшти Орце Николов секретар на ОО Црвен крст Велес.
Крводарителската акција заеднички ја реализирале Црвен крст - Општинска организација Велес и Екипа на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.