Петар Печков
Објавено: петок, 01 март 2024
Од денес петок, 1 март, граѓаните кои немаат лични документи- патни исправи, лични карти и возачки дозволи со Северна Македонија, ќе може да аплицираат на страницата на МВР електронски.
„Ја информираме јавноста дека воведовме уште една нова секција која има за цел да придонесе кон побрзо закажување на термин за фотографирање за лични документи. Имено, во оваа секција наречена “Поднеси барање за термин“ граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин. Откако ќе го испратат барањето, операторите од повикувачкиот центар ќе ги контактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок“ - соопштија од МВР.
Линк за електронско пријавување
Освен за закажување има можност и за проверка на готовите лични документи линк.