Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 ноември 2024
На местото од поранешниот театар, кој е срушен, се предвидува паркинг простор. Ова се најавите од градоначалникот Марко Колев, како решение за проблемот со недоволен паркинг простор.
„Со генералниот план таму има зграда, јас неа не можам да ја избришам, но имаме пресуда на Управен суд. Ценејќи ги сите работи мислам дека најдобро решение, почитувајќи ги барањата на граѓаните од тој дел, е таму да се изгради паркинг и локацијата хортикултуно да се уреди. Тоа би било времено решение“ – кажа Колев.
Најави како дополнителен простор за паркирање ќе се уреди и користи и делот од кејот, во задниот дел, каде и сега се паркираат автомобили. Секако и изградба на подземната гаража.
Таква идентична судбина има и просторот од поранешен АТД Диспанзер кој исто се сруши а на негово место е предвидена зграда. Но како времено решение се изгради паркинг.