Петар Печков
Објавено: среда, 15 мај 2024
Отворениот ден на Гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес беше можност учениците да ја покажат нивната креативност и способност во различни области пред потенцијалните соученици, гимназијалци. Учениците од прва до четврта година го покажаа својот талент од областа на музиката, спортот, ликовно творечката уметност,литературата, странските јазици, општествените и природните науки, математика и информатика.
Се истакна посветеноста и мотивираноста, кои резултираат со успех преку учество во натпревари, квизови, литературни конкурси, спортски активности, театарски претстави, ликовни изложби, музички настапи, работата на повеќе проекти.
„Како најстара образовна инстиуција во Македнија ги презентиравме нашите активности кои ги реализираме во текот на учебната година. Ги поканивме и факултетите за да презентираат на матураните каде понатаму можат да го продолжат своето обраозвание. Ги отфрливме како содржина штандовите, па преку дружење и музика, им ја доближуваме на девето одделенците нашата образовна цел. Преку раскажување на нашите поранешни ученици, сега дипломирани актери Стефан Николовски, Филип Христовски и Кире Ацевски, беше доловено како се учело, другарувало, не така одамна. Тие ја истакнаа важноста и можноста на гимназиското образование за проодност кон сите факултети. Го најавивме и почетокот на наставата, за прв пат во градот, на билингвална паралека на македонско-англиски ајзик, за која има голем интерес кај учениците.Наставата во неа ќе се изучува на македонски и англиски јазик и се одвива според македонската национална наставна програма, адаптирана за билингвална настава и англиски јазик со пет часа неделно. Дел од наставните предмети- математика, физика, хемија, информатика, историја, географија,спорт и спортски активности и други се изведуваат на англиски јaзик, со постепено зголемување на бројот на часовите на англиски јазик во текот на секоја наставна година. Учениците од билингвалните англиски паралелки имаат можност во наставата да користат изворни учебници на англиски јазик, речници, списанија и друга помошна литература од училишните библиотеки и медијатеки низ државата. Англискиот јазик се учи како прв странски јазик (со пет часа неделно), но може и еден час неделно со лектор од Амбасада на Велика Британија или Соединетите Американски Држави “ – кажа Иле Попов диреткор на Гимназијага Кочо Рацин.
Целиот настан беше одбележан со настапот на училиштниот музички бенд кој на гостите им овозможи пријатно расположение.