Недела 31 март започнува летното сметање на времето

Петар Печков

Летното сметање на времето почнува в недела, на 31 март, во 2 часот, кога со поместување за еден час нанапред, времето во 2 часот ќе се смета како 3 часот.

Владата, на предлог од Министерството за економија, на последната седница во вторникот, донесе одлука за денот и моментот на воведување и за денот и моментот на завршување на летното сметање на времето во 2024 година.

Како што соопшти владината Прес-служба, летното сметање на времето завршува на 27 октомври во 3 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 3 часот се смета како 2 часот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати