Петар Печков
Објавено: вторник, 12 декември 2023
Основното училиште „Блаже Конески“ доби сензорна соба, за учениците со попречености. Таа е опремена со донација од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) , преку Фондацијата „Чекор по чекор“.
“Оваа соба ќе биде дополнителна поддршка за учениците со попреченсот но и за учениците со типичен развој, кои што имаат потреба да го подобрат своето знаење, своите вештини, полесно да ги совладуваат наставните содржини. Освен знаењата се развиваат социјалните вештини, комуникацијата, моторичките вештини, фина и крупна моторика, графо моторика, кои се се` почест предизвик за учениците во денешницата. Ова не е замена за училница, туку дополнителна простија во училиште кое помага на сите ученици да го подигнат својот целосен потенцијал“ - кажа Бранка Џајковска од фондацијата „Чекор по чекор“.
Сензорната соба има 60 елементи со кои се подига когнитивниот развој на децата.
Оваа програм ГИЗ ја спроведува во пет општини во Македонија, меѓу нив една е и Велес. Биле опфатени сите основни училиште од градот а изборот бил на ОУ Блаже Конески. Донацијата е реализирана преку регионалниот проект „Социјално вклучување на ранливите групи на Западен Балкан“.
„Ова е една од подобро опремените сензорни соби во Македонија. Во училиштето имаме два ученика со попречености, со образовни асистенти. Но таа ќе може да ја користат сите ученици за нивни потреби и не е наменета исклучиво за една категорија“ - кажа директорот на ОУ Блаже Конески, Јованче Манасков.
Од страна на директорката на ОУ со Ресурсен центар „Маца Овчарова“, Мирјана Петрушевска, таа на оваа сензора соба предаде подарок, потребен за учениците со попречености.