ОУ Маца Овчарова со ресурсен цената, доби лифт за учениците со попреченост

Петар Печков

Основното училиште „Маца Овчарова“ од Велес со ресурсен центар, кое згрижува ученици со атипичен развој доби лифт. После 15 години конечно е решен проблемот децата со попреченост да можат да посетуваат настава со нивните соученици на третиот кат, каде се сместени просториите на училиштето.

„Училиштето е формирано 1973 година и е наменето за деца со лесни пречки на попреченост. Тоа е причината што е оформено на третито кат од зградата на тогашното ОУ Благој Кирков. Со промените кои следат, се вклучуваат  деца со други форми на попреченост, со Даунов сиднром,  со аутизам, но и со телесен инвалидитет. Поради тоа се појави потреба да се постави лифт за нив, кои беа со потешка категорија на попреченост. Меѓутоа изнаоѓањето на средства изминатите 15 години беше проблем, се до 2022 кога Министеството за образование ги одбори и есенва овој лифт е реалност.  После чекање од 15 години оваа есен го имаме лифтот, кој значи многу за учениците со телесен инвалидитет“ – кажа директорката Мирјана Петрушевска.

Изминатата декада и пол, овие ученици учеа во изнајмена училница на приземјето од зградата сопственост од  ОУ Благој Кирков. Петрушевска вели дека имало неколку инциденти случаи кога морало некое дете да се качи на трети кат и тогаш на помош доаѓале колегите, кои на раце го пренесувале ученикот.

„Од оваа година сега сите деца имаат можност да ги чувствуваат наставните помагала кои се на располагање на училиштето, да не бидат одвоени и се дел од нас.  Меѓутоа лифтот нема да го користат само нашите ученици, туку и учениците кои се инклузирани во редовната настава во ОУ Панко Брашнар а има неколку такви деца. Згора на тоа од 2022 година во нашето училиште на логопедски третман или користење на сензорна соба, доаѓаат и користат  други ученици кои се инклузирани во редовната настава во сите училишта во Велес“ – рече Петрушевска.  

 ОУ Маца Овчарова со ресурсен центар лани одбележа 50 години постоење и е едно од неколкуте во земјава каде настава посетуваат деца со атипичен развој. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати