Обновено е училиштето во село Црквино

Петар Печков

Заврши реконструкцијата на подрачното училиште во село Црквино, кое е  подрачно на ОУ Св. Кирил и Методиј од Велес. Настава посетуваат ученици од прво до петто одделение.

„Градежните активности завршија со што на учениците од ова училиште им обезбедивме значително подобри услови за одвивање на училишниот процес. Кровната конструкција е заменета, изведени се нови плафони, а беше опфатена и реконструкција на фасада и подови, комплетно молерисување и замена на дел од столаријата“ - соопштија од локалната власт на Општина Велес.

Училишната зграда  во село Црквино  поради долгогодишната запоставеност беше во лоша состојба. Таму настава  посетуваат 45 ученика.

фото ФБ/ Општина Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати