Петар Печков
Објавено: четврток, 03 октомври 2024
Одбележана е неделата на промоцијата на хумани вредности. Таа се одржува последната седмица од месец септември. Целта е промоција на мир, толеранција и соживот. Програмот на ПХВ го промовираат волонтерите од Црвениот крст.
„Година младите тоа го направија преку театарска претстава посветена на нашиот основоположник Анри Динан. Темата на претставата беше "Приказна за една идеја". Преку неа се раскажа приказната за настанувањето на Црвениот крст и сеќавањата на Анри Динан за битката кај Солферино. Покрај тоа беше прикажан и краткометражниот филм Исти под сонцето режиран од самите волонтери, како еден од шесте мали проекти изработени за доброто на заедницата“- кажа д-р Кевица Клифова претседател на ОО на Црвен крст Велес.
На настанот кој се одржа во Големата сала во Општина Велес им беа доделени и благодарниците на 36 млади волонтери кој учествуваа во овогодинешниот ПХВ циклус. Младите волонтери со благодарност до професорката Љубинка Ртоска која им била поддршка на младинците во реализацијата на претставата и во снимањето на филмот.
фото ФБ/ ОО црвен крст велес