Петар Печков
Објавено: вторник, 02 април 2024
Министерството за образование го објави конкурсот за упис во државните средни училишта. Во прва година во четирите средни училишта во Велес, за учебната 2024/25 има слободни 768 места за ученици во прва година, што е за 62 помалку отколку лани.
Во Гимназијата „Кочо Рацин“ во прва година ќе се запишат 204 ученици во 6 паралелки. Од нив 102 ученика во три паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во две паралелки со настава на албански јазик а новина е што годинава се предвидува билингвална паралека на македонско –англиски јазик со 34 ученици. Во Гимназијата и годинава има и паралелка на Спортска академија за фудбал.
Во Економското училиште „Јове Тесличков“ во прва година ќе се запишат 118 ученици во 4 паралелки. Од нив 84 ученици во три паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на албански наставен јазик. За економски техничар/правен техничар, бизнис администратор има 1 паралелка со четири годишно образование за 25 ученици. За техничар за е-трговија и дигитален маркетинг има слободни 34 места во една паралелка со 4 годишно образование. За продавач - референт за продажни услуги има 25 места во една паралелка со 3 годишно образование. На албански јазик е паралелката за економски техничар со 34 ученици , една паралелка и 4 годишно образование.
Во „Коле Неделковска“ во прва година ќе се запишат 329 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик. Во Машинска струка има слободни 109 места во 4 паралелки. За машински техничар/ техничар за производно машинство 25 ученици, за техничар за компјутерско управување/машинско енергетски техничар мак 34 ученика, за машински техничар за моторни возила 25 ученици, сите со четири годишно образование и за автомеханичар/заварувач/ бравар/браварка 25 ученици со три годишно образование.
Во Електротехничка струка има слободни места за 161 ученици во 5 паралелки. За електротехничар за компјутерска техника и автоматика 68 ученици, за .електротехничар за електроника и телекомуникации 34 ученика, техничар за индустриска мехатроника/електротехничаренергетичар 25 ученици сите со четири годишно обраозваниое и за автоелектричар 34 ученика со две годишно обраозвание. За сообраќајна струка има место за 34 ученици во една паралелка, за техничар за транспорт и шпедиција, со четири годишно образование. Во Угостителско - туристичка струка има слободни 25 места во 1 паралелка, за готвач/ келнер/ слаткар со три годишно образование.
Во средното хемиско училиште „Димитрија Чуповски“ во прва година ќе се запишат 117 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик. Во хемиско - технолошка струка 59 ученици во две паралелки, техничар за заштита на животна средина/хемиско лабораториски техничар со четири годишно образование 25 ученика и месопреработувач / пекар со три годишно образование со 30 ученици. Во здравствена струка - има слободни 84 места во 3 паралелки, за медицинска сестра со 34 ученици, фармацевтски техничар/ медицински лабораторискo-санитарен техничар со 25 ученици, физиотерапевтски техничар/ гинеколошко-акушерска сестра со 25 ученика. Сите три паралелки се со четири годишно образование. Лични услуги - техничар за козметичка нега и убавина има слободни 34 места во 1 паралелка, во четири годишно образование.
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни- јули. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука.
Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 20 јуни до25 јуни до 15ч. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 26 јуни 2024 година до 9 часот.
Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 01 и 02 јули до 15:00 часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 03 јули 2024 година до 9 часот.
Пријавување на учениците ќе се врши и на 21 август од 07,00 до 17,00 часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 22 август 2024 година до 12 ч.