Општина Неготино доделувала средства на ЈП Паркинзи и Комуналец, без одлука на Совет

Петар Печков

Државниот завод за ревизија (ДЗР)ги соопшти  клучните утврдени состојби и системски слабости во функционирањето на локалната самоуправа на Општина Неготино, при ревизија на финансиски извештаи и ревизија за усогласеност за 2023 година.

Ревизијата утврдила ненавремено евидентирање на побарувања по основ на комунални такси и надоместоци поради што се јавувале уплати без да се евидентирани задолженија, помалку евидентирани приходи и расходи во буџетот за 2023 година поради плаќања со пресметка кои не се реализирани преку трезорот.

 „Трансферирани се средства за субвенционирање на Јавните Претпријатија без претходно донесени одлуки од Советот на Општината. Пописот не е спроведен на начин што обезбедува усогласување на сметководствената со фактичката состојба, не е воспоставена соодветна евиденција на материјалните средства во подготовка“ -  информираа од ДЗР.

Во делот на системски слабости, ревизијата констатирала дека не е пропишано во кои рокови правните лица овластени за регистрација на возилата треба да ја уплатат комуналната такса за користење на патишта со моторни возила на сметка на Општината.

„Не е пропишана обврска на трговското друштво надлежно за дистрибуција на електрична енергија, кое врши наплата на таксата за користење и одржување јавно осветлување од имателите на броила, да ги известува општините за бројот на обврзници по категории (број на броила) согласно тарифниот број, како и за наплатените приходи и ненаплатени побарувања по овој основ и состојбата на регистарот на недвижности, не е усогласена со регистарот кој го води Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија“ - пишува во ревизијата за Општина Неготино.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати