Отворен ветерниот парк „Богословец“

Петар Печков

На Светскиот ден на животната средина, отворен е ветерниот парк „Богословец“  лоциран близу магистралниот па Велес- Штип.  Тој  треба да ја забрза нашата енергетска транзиција. Осумте турбини се со моќност од 36 мегавати,  после „Богданци“, „Богословец“ е втор ветерен парк во Македонија.

На овој локалитет, пред три години започна инсталацијата, а пред една година почна и пробната работа, за денес ветерниот парк да е пуштен во употреба.

„Важно  е властите и градежните компании заедно да работат и конструктивно да покажат дека сектроот на обновливи извори на енергија максимално го искористува овој потенцијал. Токму овој проект демонстрира како може да биде сторено, здружувајќи локални компании од ЕУ и банки.  Бенефитите ќе бидат дологрочни како за животната средина така и за граѓаните. Овој проект ќе ги намали емисиите за јаглерод двеоксид за 80 илјади тони годишно и ќе обезбеди енергија за  20 илјади домаќинства“ – кажа  Дејвид Гир амбасадор во канцеларијата на ЕУ во Скопје.   

Тој се надева оти оваа прва приватна инвестиција во ветро парк, ќе биде вовед за други  инвестиции во чиста енергија и во одржлив економски развој. Забележа дека земјава има можности и изобилува со искористување на енергијата од ветер, сонце и вода.

„Европската унија ги помага вложувањата во обновливи извори на енергија на многу начини, од 2022 преку нашиот економски инвестициски план, вложивме близу 70 милиони евра во проекти за чиста енергија, меѓу кои е и ветерниот парк во Богданци, паркот на фотоволтаици во Битола и Осломеј и во рехабилитација на шест хидроцентрали. Очекуваме до 2030 година производство на 957 мегавати од обновливи извори на енергија“, изјави Гир.

Инвестицијата чини 61 милиони евра, а инвеститорите веќе планираат за една година да почнат со втор дел од овој проект во истиот регион.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати