Познато кој е авторот на проектот за сообраќајното решение на централното градско подрачје

Петар Печков

Единствени се граѓаните во реакциите по решението за уредувањето на централното градско подрачје. Дека тоа создаде сообраќаен метеж и сообраќајни колони возила. Токму поради ова ТрМр до локалната власт упати прашање кој е авторот на проектот со кој се уредува централното градско подрачје?

„Проектот е развиен како идеја и аплициран во 2021 година од одделението ЛЕР со вклучени стручни соработници за консултација, во периодот на градоначалничкиот мандат на Аце Коцевски. Изработката на самиот Основен Проект со сите фази предвидени го изработува фирмата Тектон Инженеринг ДООЕЛ Кавадарци а ревизијата на Основниот Проект ја прави фирмата СИМЕТРИКА ДОО Скопје“ – пишува во одговорот од Општина Велес.

Овој проект доживеа повеќе промени  а главната цел беше Велес да добие пешачка зона во центарот на градот, како единствен поголем град во Македонија кој ја нема.

ТрМр стапи во контакт со неколку сообраќајни инжинери од Велес, тие да дадат стручно мислење за проектот, но тие на сакаа да коментираат. 

Со овој проект улицата Архиепископ Михаил стана еднонасочна, се вгради одводна Ф800 цевка која ја собира дождовната вода во централното градско подрачје. Иако не биле ставени, Опшина Велес побара а финансиерот ЕУ одобри финасиски средства за да се поплочат тротоарите.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати