Покрај три реки и езеро, велешани нема каде да се капат летово, оти сите се загадени

Петар Печков

Покрај три реки и езеро, вештачка акумулација, ова лето велешани не можат да се капат и рекреирант во нив. Освежување  доколку сакаат, наоѓаат на базените. Природните реки и езерото годинaва се забрaнeти за капење поради нивната загаденост.  Велешани велат полошо не било, никој не помни ваква состојба.

„Вознемирувачки е што од сите природни води во околината на Велес, ниту една не е корисна за капење, бидејќи не се исправни. Вардар вон категорија, Бабуна ја нема ама претходно кажаа деке не е за бањање, Тополка ја има ама не е исправна, езерото Младост го имаме ама не е корисно,  не се препрорачува за капење“ – вели Марјанчо Николво, член на Советот на општина Велес.  

При толку природни води, ниту една не е корисна. Реката Вардар во ситуација кога Скоје нема пречистителна станица, водите од колекторскиот систем на населбите околу езеро Малдост се прибираат ама пречистелната станица не функционира и влеват директно во реката, па водата е надвор од сите пропишани загадувања. Неколку години реката Бабуна беше препорачана за капење но годинава не.

„Лошата хидролошка состојба, сушата придонесе во еден дел реката Бабуна да ја нема. Но за квалитетот на нејзината вода придонесе и дивата урбанизација, дивоградбите на долниот тек, каде се изгради населба, бројни куќи. Локалната власт нека провери каде завршува нивната канализација“ - вели Игор Смилев член на Советот и екологист.  

Реката Тополка пак ги прибира отпадните води од неколку големи населби пред Велес и затоа е бактериолошки неисправна. Образложението на Центарот за јавно здравје Велес (ЦЈЗ)  за квалитетот на водите од двете реки е идентичен.

„Испитувањата покажаа дека водата е од 3 класа на бактериска контаминација и приуство на амонијак,  по останати испитани параметри е 2 и 1 класа, и затоа не можат да се користат за капење и рекреација на луѓето и за наводнување на земјоделски површини“ пишува во образложението на ЦЈЗ.

Состојбата со водата на акумулацијата Младост летово кулминираше и по 62 години од формирањето, таа не е за капење, ниту за наводнување, што беше основна цел кога тоа беше создадено 1962 година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати