По две децении успешност на Бродвеј, мјузиклот „Злобница“ премиерно во кината (видео)

Петар Печков

Осум филма на репертоарот на 3Д киноверзум во Велес, од нив  два се премиерни.

Американскиот  „Злобница“, мјузикл, романса со Аријана Гранде, Синтија Ериво.  Во Злобница, нераскажаната приказна за вештерките од Оз, игра добитничката на наградите Еми, Греми и Тони, Cynthia Erivo, (Harriet во броодвејската претстава The Color Purple), како Elphaba, млада жена, несфатена поради нејзината необична зелена кожа, која допрва треба да ја открие својата вистинска моќ, и добитничката на Греми, мулти-платинеста уметничка и глобална супер ѕвезда Аријана Гранде како Глинда, популарна млада жена, привилегирана и амбициозна, која допрва треба да го открие своето вистинско срце. По две децении, еден од најсаканите и најтрајни мјузикли на сцената, од есенва  на големиот екран како спектакуларен кинематографски настан кој ја дефинира генерацијата.

Втората премиера е на хорор триелрот „Еретик“ со Хју Грант. Две религиозни девојки влегуват во игра на мачка и глушец, во куќа на за нив непознат странец.Тој две седмици е на врвот по гледаност во светот, беше на второ место, па сега на четврто



Најгледаните  во светот изминатиоt викенд Веном и Црвениот и натаму пред велешани.

Aвантуристичкиот „Црвениот“ е филм кој  носи забава за публиката.Тој во САД оваа седмица беше на врвот а во Велес се прикажува трета седмица.  По шокантното киднапирање на Дедо Мраз  од Северниот Пол, командирот на Е.Л.Ф. Специјалната Единица мора да се здружи со најпознатиот ловец на глави во светот за да го спасат Божиќ.



Три  недели по ред најгледан филм во светот, минатиот викенд на второ место е „Веном: Последниот танц- американски акционен фим, за супер јунаци“. Том Харди се враќа како Веном, еден од најдобрите и најсложени ликови на Марвел, за последниот филм во трилогијата. Еди и Веном се во бегство. Ги ловат обата нивни света и како што мрежата се затвора, двојката е принудена да донесе страшна одлука што ќе ја спушти завесата на последниот танц на Веном и Еди.


Историскиот спектакл „Гладијатор 2“ на Ридли Скот  втора недела по ред пред велешани,а премиерата во САД ќе ја има викендов.  Откако неговиот дом е освоен од тиранските императори, Луциј е принуден да влезе во Колосеумот и да се соочи со своето минато за да ја врати изгубената слава на својот народ.Многу крв и многу анимации.



На репертоарот се и три цртани филма, кои неколку месеци наизменично  се вртат на репертоарот:

Панда во Африка, Гарфилд, Опаку наопаку 2

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

На што се греете зимава?

  • дрва
  • струја(печка, инвертер)
  • пелети, брикети
Резултати