Реката Бабуна откако во јуни можеше да се користи за капење, сега не се препорачува

Петар Печков

Испитувањата на квалитетот на водата на река Бабуна, на местото викано „прва плажа“ покажале дека истата е бактериолошки неисправна и не може да се користи за капење, рекреација и наводнување на земјоделски површини. Ова го пишува во препораките на Центарот на јавно здравје Велес, кои се доставени до локалната власт а таа ги објави на нејзината веб страница.

„Испитувањата покажаа дека водата е од 3 класа на бактериска контаминација и приуство на амонијак,  по останати испитани параметри е 2 и 1 класа, и затоа не можат да се користат за капење и рекреација на луѓето и за наводнување на земјоделски пвошрини“ – пишува во образложението.     

Примероци на водата се земени на 4 јули. За потсетување претходното испитување,  на приватната лабараторија „ФУТ лаб“ од 11 јули, квалитетот на водата според микробиолошките анализи бил добар а според хемиската анализа бил во прва класа.   

ЦЈЗ Велес на 4 јули  извршил анализа на водата на реката Тополка, пред вливот во Вардар. Резултатите покажале реката во овој дел, дека  не може да се користи за капење, рекреација и за наводнување на земјоделски пвошрини. Таа била во  3 класа на бактериска контаминација и приуство на амонијак,  по останати испитани параметри е 2 и 1 класа, идентично како долниот тек на река Бабуна.

Реката Вардар одамна со децении низ Велес, не може да се користи за капење, наводнување и поење на животни, оти е загадена.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати