Се пошумуваат опожарените терени околу езеро Младоcт

Петар Печков

Денес во околината на езеро Младост, се одржа  акција за пошумување. Таа се изведе на опожарените терени од пожарот во август 2019 година.

На неа учествуваа  вработените од Подружницата „Бабуна“ од Велес заедно  со ученици, шумската полиција, планинари, еколошки здруженија, извидници, акцијашите ветерани и граѓани волонтери од Велес.

Тие денес  пошумуваа на неколку хектари, а во наредните денови ќе бидат вкупно засадени околу 17,5 хектари површина со околу 40 илјади садници од јавор, јасен и багрем. Тие се обезбедени од  "ДМ-дрогерии".

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати