Синдикатот на Македонија во поддршка на 48-те вработени на Колска, по информациите за можен стечај или продажба на фабриката

Петар Печков

Работниците во велешка Колска се загрижени за иднината на фабриката и бараат од Владата која е 100% сопственик на истата, да се обезбеди работа преку Македонски железници со репарирање на патнички и товарни вагони, обезбедување на плата и услови за работа.

Овие барања и стравувањата доаѓаат  поради најавите и неофицијалните имформации за можен стечај и продажба на Фабриката.   Таа е единствена за одржување на патнички и товарни вагони во Македонија.

По овие информации во посета на фабриката денес биле, претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов и претседателот на  Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските на Република Македонија СРСВМ, Миќо Стојановски.

„Сојузот на синдикатите на Македонија, во минатото кога вработените беа соочени со проблем и со не исплаќање на плата и необезбедување на работа од страна на предходната Влада, организираше неколку протести, како и блокади на железничкиот сообраќај. И  денес ССМ  дава поддршка на Синдикалната организација и педесетината работници во Колска кои бараат и регулирање на нивниот статус преку превземање во Македонски железници и обезбедување на сигурна иднина на нивната работа и работен ангажман“- соопштија од Сојузот на синдикатите на Македонија. 

Во фабриката има 48 вработени а последна плата која ја имаат добиено е августовската.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати