Советот со реакција до Министерството за образование, бара да се почитува предлогот на локалната власт за број на паралелки во прва година Гимназија

Петар Печков

Советот на Општина Велес побара од Министерството за образование и наука, да го почитува предлогот на локалната власт за упис на ученици во прва година во Гимназијата „Кочо Рацин“.

Со него се бара да се запишат 204 ученици во 6 паралелки и тоа 4 паралелки со изведување на настава на македонски јазик, 1 билингвална македонско - англиска паралелка  и  1 паралелка со изведување на настава на јазикот на заедницата - албански јазик.

Министерството за образование и наука во распишаниот конкурс  предивдува ист број на слободни места за  204 ученици во 6 паралелки, но со тоа што  три  паралелки се со настава на македонски јазик и две паралелки со настава на албански јазик и една    билингвална паралелка на македонско –англиски јазик.

Претходно во расправата по заклучокот советникот Коста Нојков од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека распишаниот конкрус од МОН не е во согласност со законот.

„Бројката на паралелки  по распишаниот конкурс на МОН е упад во системот од страна на Министерот. Законот за средно обраозвание во член 42, став два, пишува дека запишувањето во општинските средни училишта, се врши по пат на конкурс кој го објавува МОН,  по претходно доставени предлози од страна на  општините. Во конкретрниот случај министерот не го почитувал барањето на општината и извршил упад“ – кажа Нојков.

Марјан Николов советник од СДСМ  предложи да дојде министерот или претстанвик на Министерството за образование, да објасни од каде ги црпи надлежностите да може да ја менува одлука  кога таа е во надлежност на Совет.

„Неговото дискреционо право не значи дека тој може да фаворизира одредени ученици, други да казнува. Тој е министер на сите ученици. Ако не ја решиме состојбата по негово видување, вели дека ја политизираме, а тој не ја политизира со неговата одлука?  Запишување на ученици со помал број од потребните 60, што лани се случи, не е политика на образование, туку политика во образование. Недозволиво е во првиот уписен рок ученици со помал број од потребните 60 поени да се отфрлат за на есен други ученици бидат примени  со 30 поени“ – порача Николов.

Советникот Невзат Муаремовски од ДУИ со став дека се наметнува проблем со националноста на учениците.

 „Целта на оваа реакција, што никој не  ја кажува јавно,  е да не се отвора уште една паралелка на албански јазик во Гимназијата. Во Бузалково завршуваат 50 ученици, во Горно Јаболчиште над 80 ученици. Тие некаде мора да се запишат“ – изјваи Муаремовски.  

Директорот на Гимназијата Илија Попов информираше дека 11-те  ученика кои дополнително по барање на МОН биле примени лани есента, имале  64 единици, што резултира со симнување на просекот во Гимназијата. За разлика од нив остантите 21 ученик во паралеката кои учат на мајчин албански јазик, примени со 60 поени имале високи оцнеки.

„Ние не сме против некој да не се запишува, туку да не се запишуваат ученици со помал број поени од предвидените. Олкав број на слаби оценки го симна резултатот на Гимназијата и е нешто што не се памти во училиштето“ –порача Попов.  

За збор се јави градоначалникот Марко Колев, кој порача дека  секој ученик треба да биде запишан таму каде ги исполнува условите, а не каде ќе му се посака.

„Учениците кои ги исполнуваат условите  да бидат примени а  тие што не ги исполнуваат да бидат пренасочени во паралелки каде има основ да бидат примени. Учениците треба да бидат запишани според бројот на поени, тие што имаат помалку  да конкурираат каде има можност и таму да бидат примени. И јас сакав да се запишам Економска, заедно со другарите, тогаш имаше приемен,  но имав по два поени математика и македонски, ме фати паника поради мојата дислексија, за која и не знаев дека ја имам тогаш, и не ме примија. Се запишав УЗУС машинско па се префрлив електро,завршив. Но не правев драми сакам да учам по секоја цена економска. Сега некој нешто ветил, тера приватна агенда и ајде се запишуваат со помал број на поени во училиште, што не е дозволиво. И еве гласно да кажам во првиот упиисн рок деветтоодделенци  Македонци со 58,59 поени не беа запишани а во септември деца Албанци со 30-40 поени беа запишани. Каде е тука еднаквоста, неа ли сите деца рамноправни. Ако оваа година се јават 120 ученика Албанци кои ги исполнуваат учениците, ќе отвориме паралеки за сите. Мора за сите деца да имаат ист третман, да бидат примени сите кои имаат  60 поени“ – кажа градоначалникот Марко Колев.

Заклучокот беше прифатен со  19 гласа за и два протов, од Муаремовски ДУИ и Бишевац од СДСМ.

ТрМр недомана го праша министерот Шаќири, токму за ваквата нерамноправност која ги следеше ученците при уписот во прва година во Гимназија. Во првиот уписен рок одреден број ученци поради помалиот број на поени од бараните 60 беа одбиени за да есен одреден број ученци бидат примени со 30 поени. Министерот Шаќири не даде конкретен одговор.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати