Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 декември 2024
Во рамките на настанот Мовембер, истоименото здружение од Велес организираше трибина за т.н. машки болести. На неа гости беа уролог д-р Влатко Ристов, кој зборуваше за бенигната простатична хиперплазија (зголемување на простата) и ерективна дисфункција, за која рече дека е табу тема.
„Бенигната хиперплазија е бенигно зголемување на простата до која доаѓа поради раст на нормалните ѕвездастите клетки. Ова е хормонско зависно заболување, и не е заболување туку состојба на машкиот организам. Како расте возраста на пациентот така се зголемува и преваленцата на ППХ, или секој кој живее доволно долго, ќе искуси симптоми на бенигна простатична хиперплазија. Има два вида симптоми – опструктивни и иритативни. Во опструктивни се слаб млаз на урина, абнормално напрегање за да се почне со уринирање, потешкотии со започнување на мокрењето, непотполно празнење на мочниот меур. Во иритативните спаѓаат зачестено мокрење, ноќно мокрење, итен нагон за мокрење.“ – кажа д-р Ристов.
На трибината говореше и д-р Васил Тодоров специјалист по медицинска биохемија, за тестовите кои се вршат за откривање рано откривање на рак на простата.
„ПСА антиген тоа е ензим кој се создава во простатичното ткиво и се излачува во ејакулатот. Неговата функција е е да го разводни ејакулатот за да можат сперматозоидите да ја извршат функцијата – оплодувањето. Мал дел од него влегува во крвта и така може да се дијагностицираат болести на простатата- меѓу нив и бенигната хипереплазија. Се мери неговата концентрација и може да се добијат резултати и за запаление на простата - простатитис. Ова е најмасовен тест за рано откривање на ракот на простата. Има физиолошки и патолошки причини, кои лажно го зголемуваат нивото на ПСА во крвта. Има дополнителни методи за да се испита простатата. Следен е фри ПСА тест. Трет најнапреден тест за диференцијација на канцер на простата од бенигна хиоперплазија е ПХИ проста хелд индекс, тоа е математички алгоритам. Конечниот збор за дијагноза го има урологот, кој својата одлука ќе ја донесе врз основа на анамнезата, преглед и ехо наод и овие тестови. Ние како болничка лабараторија ги работиме ПСА и фри ПСА“ – рече д-р Тодоров.
Урологот д-р Влатко Ристов пред присутните зборуваше за еректилната дисфункција која рече дека силно влијае на животот на пациентите.
„Пациентите за ова не сакаат да зборуваат со доктор, прво гуглаат на интернет, па одат во аптека, ама таму каде не ги познаваат, па во некоја состојба на маса кога ќе се каже на кум, пријател, брат, па дури потоа кај матичен доктор, ама бараат упат за нешто друго не за маката што ја имаат. Кога ќе дојдат на уролог, ќе кажат откако дали сме сами и медицинската сестрата не е тука. Да не се лажеме, на секој маж може да му се случи, не може секој секогаш. Не мора да секој да биде супермен и не треба трагично да се сфати. Кој се причините за ерективната дисфункција, може да биде органска, психогена и комбинација од овие две. Органската е најчесто кај лица над 60 години а психогената кај помлади лица, има случаи и на млади под 30 години. Предвремената ејакуалција е психогена најчесто за разлика од задоцнета која најчесто причината е органска. Има и анејакулација кога причина најчесто се некои лекови. Има и болна ерекција- причина најчесто инфекции на уринарен тракт, неможноста да се постигне оргазам, присуство на крв во сперма. Тоа е кај постари лица, кои форсираат сексуален однос а подолго време немале, кога пукаат крвните садови и се исфрла преку ејакулатот. Тоа е не е страшно, ако се случи еднаш или два пати. Ако почесто се случува тогаш треба да се оди на уролог. Болести кои доведуваат до ереткилна дисфункција, најчесто е дијабетот, потоа миокарден инфаркт, нерегулирана хипертензија, пореметување на метаболизмот на масти, повреди од оперативни зафати на карлицата, кај хронични алкохоличари 75 отсто и кај пушачите со 56 отсто. Еректилната дисфкунција може да биде пред сигнал за кардиоваскуларна болест, градна болка и инфаркт. По 2-3 година и од појавата на еректилна дисукција кај пациенот се очекува да се јават ангина пекторис, по 4-5 години кај 90 отсто се појавил и миокраден инфаркт. Иако е бенигна состојба, еректилната дисфунција, предизвикана органски треба да се сфати сериозно, дека нешто со организмот не е во ред. Еректилна дисфукнција може да му се случи на секој маж. Не е ништо срамно, не е табу тема, треба отворено со доктор да се разговара за проблемот. Сексуалниот живот е многу битен аспект од човечкото битие“ – кажа д-р Ристов.
Oрганизатор на трибината беше ЗГ Мовембар Велес а се одржа во Европската куќа во Велес. Изминатиот период здружението Мовембар Велес и ЈЗУ Општа болница Велес, поделија на 30 лица бесплатни ПСА тестови.