Петар Печков
Објавено: петок, 22 декември 2023
Формирањето на регионални стручни центри од средното образование и обука е голем чекор напред во реформата на образовниот систем. Изборот за двете нови стручни училишта кои од 1 јануари ќе бидат регионални центри за своите региони Вардарскиот и Југоисточниот, бил долг процес. Низ долга компаративна анализа дојден е до изборот на овие две училиште, од нив едното е „Коле Неделковски“ кое е за Вардарскиот регион.
„Цели на проектот, кој е финансиран од ЕУ се да обезбеди релевантност, атрактивност, инклузивност на средното стручно образование и обука. Овие училиште треба да бидат двигателна сила за средното стручно образование и за формалното образование и за образованието за возрасни за пост средно образование, кариерни совети . Регионалните центри ќе бидат мост помеѓу стручните училиште и бизнис заедницата, и во соработка со нив полесно ќесе планира потребната работна рака за локалниот пазар“ - кажа Људмил Ковачев тим лидер на проектот.
„Започнуваме нова ера, нашето училиште се подигнува еден степен повисоко, во државно средно училиште, регионален центар за стручно образование и обука. Нашето училиште треба да биде лидер не само во формалното образование, во валидизација на стекнати знаења, доквалификација на постојните вработени и зголемување на соработка со социјалните партнери“ - рече Весна Стојанова Богоевска , директорка на училиштето. Машинската струка, сообраќајната струка и електротехничката струка се тие по кои бизнис заедницата од Вардарскиот регион, покажала интерес токму за овие струки.
Наскоро во училиштето треба да стигне опрема, која што ќе биде искористена за обука на ученици со профили од трите струка.
„Врвен приорите на Владата и министерството е инвестирање во човечки капитал, како услов за економски раст и конкурентност. Стручното образование и обука се клуч за подигање на нивото на знаења, вештини, насочени кој бргу вработување или успешно продолжување на образованието. Изминати четири години напорно работевме на зацврстување на системот на средно стручно образование, со воведување на системот на дуално образование, кој обезбедува учење преку работа, директно во компаниите. Ги надминавме слабостите и од недоволно атрактивно стручно образование го издигнавме во образование кое ќе го надмине гимназиското. Доказ за тоа е што во учебната 2023/24 година во средните стручни училишта учат над 43 илјади ученици или 67 проценти од запишаните. Од нив во дуални паралелки се запишани 6,9 илјади ученика“ -рече Биљана Казанџиска државен секретар на Министерството за образование.