Петар Печков
Објавено: недела, 20 октомври 2024
На изложбата на стари а подвижни автомобили, олдтајмери во Велес беа пристуни шеесетина коли, раазлични годишта и различни модели. Не само од Велес и од Македонија, туку и од Србија, Хрватска и Бугарија. Беше тоа празник за очи од подвижниот музеј на тркала.
„Како што можевме да видиме, кај велешани има интерес за олдтајмери, има посетеност, има интерес што не радува и ни два мотив за следни изложби“- кажа Ристе Мулев претседател на здружението „Кралеви на улицата“ кое беше организатор на изложбата.
По македонските патишта повторно вози автомобилот кој се користеше во првата македонска комедија, играниот филм „Мирно лето“ снимен 1961 година. Олдтајмерот е марка „фиат балила“ година на производство 1932. Сега е сопственост на свети николчанецот Стефан Ѓорчев.
„Автомобилоат го купив од скопјанецот Стево атракција, или Стево Милошевски. Годинава го оспособив да биде во возна состојба. Возилото го користам секојдневно, не за работни обврски, туку да звршам некоја приватна работа, обврска. Секојдневно е по улиците и во возење. Користи бензин 84 октани , но бидејќи таков нема, сега употребувам 95“- вели Стефан.
Велешани покажаа голем интерес, имаше многу присутни, кои се фотографираа, ги разгледуваа старите автомобили и уживаа во есенското сонце. Но и со прашање до сопствениците, за година на производство, марката на автомобилот.
„Автомобилот е фиат 850 спорт купе произведен 1970 година. Љубовта кон олдтајмерите е од детството и уживам во нив. Имам пет возила, и фиќо и мерцедес, сите мои возила се во подвижна состојба“- рече Давор Шкрњух, од Осијек Хрватска.
Вниманието на велешани го привлекоа бројни раритетни автомобили, кои и натаму можат да се забележат по македонските улици, за различни пригоди. Различно годиште, различни модели, но сите уникатни. Воздишки мамеше и примерокот на автомобилот„морган“ британско производство.
„Вљубеник во втомобилите. Шетајќи ги музеите за стари автомобили се решива за овој модел. Уживам во возењето со него, бидејќи е кабриолет. Го корстам преку викенди, кога деновите ги минувам надвор од Скопје “- кажа Зоран Илиќ.
Автомобилот попознат како „Спачек“ на нишлијата Јосиф Костиќ е произведен 1972 година. И за сите години наваму е сопственост на неговата фамилија, предците и негов. Тој е семејна гордост.
„Овој автомобил е познат и по прекарот грдото пајче. Набавен е од мојот татко, тој возел ситроени. Ова е втората или трата генерација од оваа марка. За спачекот велат дека не е само автомобил, туку и начин на живот“- рече Костиќ.
Иако има само 17 години и е средношколец, младиот велешанец Александар Мирчевски го наследи и продолжи татковото хоби. Тој има пежо од 1951 и капри од 1974 година, двата автмобили, едниот врсник на неговиот татко, друг на дедо му.
„Пежото е произведено во Франција. Двата автромобили се купени од Крушево, репарирани се скоро две години и се во движна состојба. Имаше доста работа во него. Гаражирани се и сега не се користат“- вели Мирчевски.
Некој од колекционерите имаат еден, некој две –три а други и по пет-шест возила. Љубовта кон олдтајмерите е долга и вечна. Тие со гордост ги прикажуваат нивнтите љубимци, шетајќи по патиштата од Балканот.
„Петнаесет години сум со олдтајмери, случајно влетав но еве ме држи толку време. Се заинтересирав. Ова е мерецедес од 1950 понтон, прва серија која се работела како лимузина, до тогаш биле со хауба како трактор. Го купив во Осијек, 35 години бил во гаража чуван, а една година го репарирав, беше здрав, го поправив само моторот. Патувам на овие средби, бев во Скопје, па се вратив сега во Велес, бев и во Србија и во Босна“- вели Бранко Капетановиќ од Нашице Хрватска.
Ова е четврта изложба на олдатајмери во Велес, сит во организација на „Кинг оф д стритс“ помогнати од Општина Велес.