Што предвидува спогодбата за решавање на проблемот со наставата во Чашка

Петар Печков


Што предвидува спогодбата за решавање на проблемот со учениците Албанци, кои треба да учат на мајчин јазик во Општина Чашка, во нејзиниот „рамничарски “ дел, бидејќи во Горно Јаболчиште функционира  ОУ „Лирија“ како правен субјект.

Предвидена е изградба на монтажен објект во село Бањица, каде ќе учат шеста ученика кои настава посетуваат во ОУ Тодор Јанев во Чашка.  Општина Чашка до Владата веќе поднела иницијатива  за отворање на нов првен субјект основно училиште.  Извршена е промена на програма за градежно земјиште , со што се обезбедени средства за платформа за нов монтажен објект во село Бањица каде од есен ќе учат учениците кои настава посетуваат на албански јазик од рамничарскиот дел на општината. Тоа ќе биде и нов правен субјект на територија на Општина Чашка.

Учениците засега шест кои посетуваат на мајчин албански јазик ќе бидат запишани во тоа ново училиште а настава ќе посетуваат во ОУ Тодор Јанев во Чашка, до крајот на оваа учебна година. Тие ќе добијат свидетелства од новиот правен субјект. Новиот објект треба да биде во функција до крајот на летото за од 1 септември учениците таму да посетуваат настава. Неговата изградба над платформата е обврска на Министерството за образование и наука.  За учебната 2025/26 се планира МОН да изгради ново училиште, најверојатно во Еловец, каде настава ќе посетуваат учениците на мајчин албански јазик а училиштето во Бањица би било подрачно на ново формираното.

Таму настава ќе посетуваат  учениците на мајчин албански јазик, од  селата од нискиот рамничарски дел на општината, како и  од Горно Врановци кои сега од 6-то  до 9-то одделени  учат и патуваат до Горно Јаболчиште. Така би се растоварила наставата во Горно Јаболчиште.  Во тек  изградба на нова зграда за учениците од Долно Јаболчиште од 6-то  до 9-то  одделение  и тие да посетуваат настава во Долно Јаболчиште, да не патуваат до Горно Јаболиште.   На територијата на Општина Чашка има три правни субјекти ОУ - Тодор Јанев од Чашка, ОУ Лирија од Горно Јаболчиште и Петар Поп Арсов во Богомила.

Со ова решение  смета и  локалата власт и  МОН и  Владата, дека проблемот со учениците Албанци од „нискиот дел на “ општина Чашка да се реши трајно.

Учениците  од ОУ Тодор Јанев не посетуваа настава од 23  ноември, поради протестот на родителите, кои барааа враќање на ингеренциите на градоначалникот како и фомирање на паралелка на албански јазик во друго населено место ја посочуваа Бањица, оти во Чашка немало деца кои би посетувале настава на мајчин албански  јазик.

Исто толку време три месеци, тензии, децата не посетуваа настава, полицијата ги обезбедуваше вработените, инспекторите од Државниот просветен инспекторат реагираа дека не може да влезат во училиштето, имаше блокади пред училиштето, за населбата Чашка.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати