Петар Печков
Објавено: среда, 15 мај 2024
Деветто одделенците од основните училишта од Велес но и соседните општини, Градско, Лозово и Чашка, беа запознати со струките и образовните профили кои се изучуваат во училиштето.
Традиционално секоја година Средното училиште „Коле Неделковски“ од Велес. од годинава како државно, организира „Отворен ден“. Мотото на годинашниот настан беше „Да создадеме заедно иднина“.
Деветто одделенците од основните училишта од Велес но и соседните општини, Градско, Лозово и Чашка, беа запознати со струките и образовните профили кои се изучуваат во училиштето. Тоа се машинската, сообраќајната, електротехничката и угостителско- туристичка струка.
„Учениците беа присутни и можеа директно да се запознаат со наставата која се изведува во нашето училиште, не само теоретската туку и патктичната. Може да се запознаат со ресурсите , кои ние како регионален центар располагаме, истовремено може да се запознаат и со нашите фирми партнери кои се дел оd дуалното образование, за што сме лидери во Вардарскиот регион. Големата лепеза на профили и струки, им нуди одлична можност на деветоодделенците да се пронајдат, за да можеме зедно со нив да ја избереме и искреираме нивната иднина. Денес кога познаваш некое знаење, вештина, комбинирано со желбата на идните средношколци, се преточува во нивна идна професија, која е барана на пазарот на трудот. Во ова училиште нудиме стекнување на вештини, кои се многу барани на пазарот на трудот, нудиме занење кое го имаат нашите колеги, и вештини и знаења кои ги имаат менторите од фирмите - бизнис партнери“ – кажа Весна Стојанова Богоевска, директорка на „Коле Неделковски“.