Нема да дозволиме учениците да се наспијат па да дојдат на настава, кажа директорката на средното училиште „Коле Неделковски“ по забелешките за голем број изостаноци

Петар Печков

Ако сакаме да создадеме идни вредни вработени, кои нема да доцнат на работа, нема да дозволиме во системот на образование да доцнат на часови, да се наспијат па да дојдат на настава. Ова беше одговорот пред членовите на Советот на Општина Велес,  на директорката на средното стручно училиште „Коле Неделковски“, Весна Стојанова Богоевска, на забелешките од советничката Елизабета Митревска Анѓелевска,   дека учениците во оваа образован институција од година во година имаат се поголем број на изостаноци. 

„Во нашето училиште и за доцнење на настава која почнува наутро во 7,15 ч. се забележува неоправдан изостанок. Вратата во училиштето се затвора кога ѕвони ѕвончето за почеток на часот.  Толерираме ако превозот на учениците доцни. Ако учениците не ги научиме на редовна посета на настава, какви тоа ученици  ние воспитуваме. Какви идни граѓани подготвуваме, идни вработени обучуваме. Да доцнат на работа, да се наспијат па да дојдат на училиште. Дали треба да попуштиме и учениците да доаѓаат на настава кога тие ќе поскаат, или треба да го држиме редот и дисциплината на училиште. Да голем е бројот на неоправдани изостаноци, но ред мора да има. Нема попуштање за   бегање од часови, за немање на оправдување, за фалсификувани леарски оправдувања кои не се потврдени од родителите, се се` тоа неоправдани изостаноци. За жал работни навики некои ученици немаат стекнато и тука мора да работиме со колегите од основното образование. Најнередовни се матурантите а според оценките тие имаат највисок просек на оценки“ - кажа Весна Стојанова Богоевска директорка на средното училиште „Коле Неделковски“ од Велес.

Бројките на изостаноци во училиштето растат. Така во учебната 2019/20 година имало 17.280 а изминатата 2022/23  38.184 изостаноци., од нив неоправдани биле 4.084 или 10,6%.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати