Анкета велешани и кажаа НЕ на топилница

Петар Печков

Дури 93 отсто од анкетираните велешани се против рестартот на топилницата во Велес а 98 отсто од жителите на градот се чувствуваат загрозени од најавите дека овој комбинат би можел повторно да почне да работи. Ова се резултатите од анкетата која ја спровело граѓанското здружени „Зелената коалиција“ од Велес над 1280 испитаници а цел е да се види расположението кај граѓаните на Велес по најавите за можен рестарт на три деценискиот загадувач.

- Можеби податоците покажуваат дека ставот на велешани кон топилницата е радикален, но по се што преживеавме со овој загадувач тој е реален. Високиот процент од 98 отсто од велешани семтаат дека градот е почисто место за живеење по затварањето на Топилницата во 2003-тата година – изјави Недан Коциќ од Зелената коалиција на вчерашната трибина „За или против рестарт на топилница во Велес“. Од ова здружение потсетија дека во тек е измената на Законот за животна средина, каде тие понудиле промена на член 20. Според нив потребно е да се прецизира дека градењето или реконструкцијата на индустриски капацитет за кој е потребна „А“ интегрирана дозвола, тој треба да биде 5 км подалеку од последниот објект во населеното место. Екологистите сметаат дека со ова нема да се повтори грешката од пред 37 годнини кога безмалку среде Велес проработи топилницата, значаен индустриски капацитет но уште поголем загадувач.  Со новото понудено законско решение таква грешка немало да се случи ниту на друг град во Македонија. Од надлежниот инспекторат дојдоа смирувачки тонови дека комбинатот нема да проработи во догледно време.

- Надлежните во топилницата ги пропуштија сите рокови за да поднесат документација со која таа би можела да работи како постоен капацитет. За да проработи таа ќе се третира како нов субјект и ќе и треба „А“ интегрирана дозвола за која е потребно да се слушне и ставот на локалната власт но и јавноста во градот – изјави Славчо Ристов државен инспектор за екологија.  Како превентива за заштита од можниот рестарт, пред две години локалната власт започна иницијатива за промена на Деталниот урбанистички план, каде е лоциран комбинатот. Надлежните го објаснија застојот  на промена на ДУП, со која се предвидува на местото од топилнцита да има други објекти.

- За да мине оваа промена  во Министерството за транспорт  и врски потребна е СЕА, стратешка  оценка за влијание врз животната  средина. Таа не можевме да  ја изработиме бидјеќи пред  некој месец беа промовирани  првите стручњаци кои можат  тоа да го сработат. Со овој документ може да се констатира што може да се гради на просторот каде сега е топилницата, каква е почвата таму и како таа ќе влијае на околината – изјави Билјана Шуркова Манаскова општински инспектор за екологија.  На трибината ане се појавија претставниците на Метрудхем новисот сосптеник на топилницата, иако биле поканети за да ги кажат нивните планови за капацитетот што го купија за 2,25 милиони евра.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати