Деловниот простор од покриениот пазар да се изнајмува, предлага градоначалникот

Петар Печков

Остана дилемата во јавноста, што е  одлучено со деловниот простор во новизградениот  покриен пазар во Велес, дали ќе се изнајмува или ќе се продава. Веќе една година мина и остануваат уште две од грејс перидот за почеток на исплата на кредитот. Како советничко прашање на последната седница Тодор Јаковлев го актуелизираше начинот на наоѓање на сопственик на деловниот простор од покриениот пазар. Градоначалникот објаснува дека останува на неговиот претходен став, деловниот простор да се изнајмува. Постапката треба да заврши до крајот на годинава, а  советниците ќе го имаат последниот решавачки збор, тие треба да гласаат по предлогот од градоначалникот. 

„Познато е дека имавме проблеми и со првиот и со вториот изведувач на покриениот градски пазар. Едниот беше казнет 1,8 милиони денари а вториот со 5 милиони, поради доцнењето на изградбата. Со оваа казна  се разнишаа односите меѓу нив како изведувачи и Општината, мислеа дека нема да бидат казнети. За да може деловнито простор да се понуди за продажба или изнајмување, беше потребна проценка. Изведувачите ја одолговлекуваа постапката, не можеше да се изработи проект на изведена состојба но деновие кончено се заврши. До крајот на годинава ќе се заврши постапката за издавање на деловниот простор. Јас како градоначалник сметам дека така е најдобро, во следните 10 години да се прибираат средства од киријата, која ќе се користи за исплаќање на кредитот. Кога ќе заврши исплатата, тука во Советот ќе има некои други луѓе, советници, градоначалник и тие потоа нека одлучат дали ќе продаваат или ќе изнајмуваат.  Не е добро, не е во интерес Општината да продава нејзин имот. За деловнито простор   има интерес и за купување на имотот и за изнајмување. Од продажбата ќе има еднократна финансиска помош. Наскоро ќе има соодветна одлука преку Советот“ – кажа Колев. 

Кредитот е во висина од 30 милиони денари, со три години грејс период и рок на исплата од 10 години, подигнат од Светска банка  #mce_temp_url#Во покриениот дел од пазарот има  19 дуќани.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати