Зошто се оддолжи изградбата на покриениот Градски пазар

Петар Печков

Зошто толку се оддолжи изградбата на Градскиот покрене пазар, беше прашањето од советникот Марјан Николов, поставено на седница на Совет. Градоначалникот детално објасни се што се случувало. При тоа потенцира дека  пазарот бил во сериозен ризик да не биде завршен.

„И јас сега и претходниот градоначалник, сериозно се спротивставиме на одредени замисли, на одредени луѓе. Тоа е што можам јавно да кажам за изградбата на покриениот пазар. Но кога видоа дека има цврст став од оваа страна, општинска, започна реализацијата на долниот дел а заврши на горниот дел од пазарот. Беше доведена во прашање дислокацијата на колекторот, за што немаше проект, па мораше да се бара решение, бидејќи резервоарите за нафта за греење на ОУ Панко Брашнар се многу блиску до стопите.  Се бараше друга локација, што одзеде време. Па дојде енергетската криза, која значително ги зголеми цените на изградбата. Инвеститорот бараше разлики, не му дозволивме, па имаше пауза во работата и се` продолжи.  Сето тоа резултираше да немаме кредит од 50 милиони денари,за колку се задолживме туку од 30 милиони.   Изведувачот ќе биде казнет пет милиони, согласно потпишаниот договор, кој дозволува казна до 10 отсто од вкупната вредност ако проектот не се заврши во договореното време. Имавме во два наврати продолжување на рокот, со анекси. За последниот да биде на 31 јануари годинава. Со новата ситуација треба, како општина  да платиме 20 милиони денари сопствени средства, што е разлика од кредитот  кој беше 50 милиони до добиениот 30 милиони денари, до вредноста на градбата која е 50 милиони. Таа разлика од 20 милиони денари ќе ги обезбедиме  со  овие 5 од казната кон изведувачот и 15 милиони од Општинскиот буџет, непланиран расход годинава. Тие ќе ги  обезбедиме со ребаланс. Имавме трошоци за дислокацијата на колекторот  што чинеше  3-4 милиони денари, еден милион за струја“ - кажа Колев.

На прашањето дали и што се планира со дуќаните во покриениот пазар, тој немаше прецизен одговор.

„Во дилема сум дали дуќаните да се продадат или да се изнајмуваат, дали да се земат пари наеднаш или со кирија да се прибираат со години“ - рече Колев.

Тој објасни и зошто Светска банка го прекинала кредитирањето на објектот, па наместо 50 милиони ќе се платата 30 милиони денари.

„Светска банка имала одлука дека ќе пласира околу 50 милиони евра средства во регионот. Во периодот кога општината се решила да се задолжи заради изградба на покриен пазар, советот донел одлука да земе кредит од 50 милиони денари.   Од друга страна канцеларија на Светска банка има одлука дека рокот за завршување на проектите кои се финансираат во регионот, од овој кредит од 50 милиони евра е со рок до 31.01.2023 година. До тогаш требало сите тие  да биде завршени. Ако не се завршени се исплатува кредит до висина до која се работите се завршени а остатокот од средства кој  самиот инвеститор е должен да ги најде, сам да ги обезбеди. До 31 јануари не беше изграден пазарот и според градежните книги и сработеното може да се исплатат 30 милиони денари.  Сме имале две години рок да го завршиме, градежните  фирмите не успеале“ - додаде Колев. 

Тој дополни дека последен рок за завршување на покриениот пазар е средината на овој месец.

Покрениот Градски пазар започна да се гради на 1 април 2021 година, со најава дека изградбата ќе заврши до крајот на октомври истата година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

  • добро е
  • не ми се допаѓа
  • ме бендисува пешачката патека која е бојадисана
Резултати