Започнаа градежните работи за санација на мостот кај Башино Село, ќе траат три месеци

Петар Печков

Една седмица се изведуваат градежни работи на мостот на реката Вардар кај Башино Село. Се врши санација, како времено решение, до изградба на нов мост. Краткорочното решение, санацијата на мостот треба да го продолжи неговиот  век на користење за  5-10 години.

„Изведувачот на работите за санација на мостот преку река Вардар кај Башино Село е Друштво за градежништво и проектирање „СИНТЕК ИНЖЕНЕРИНГ“ ДООЕЛ село Бразда, Чучер Сандево кој е воведен во работа на 21.03.2025 година. Рокот на изведба е три месеци.  Вредноста на проектот е 24,614,554.00 денари без ДДВ“ – одговорија од ЈП Државни патишта, на поставеното прашање од ТрМр, за изведувачот и динамиката на работа.

При градежните работи се  третира долниот дел од мостот, за да не се размрда истиот од гребење на асфалтот и ставање на нов.  Се  поставува нов вид на материјал на столбовите за да се зацврстат, најсовремено решение, третирање на мостот од внатре.  Монтирана е најсовремена  опрема под самиот мост, која  врши мониторниг 24 часа,  и секое движење  се евидентира.  Опшивката на столбовите која се работи не пречи на одвивање на сообраќајот, објаснуваат од инвеститорот.

Последните испитувања на стручњаците од Градежен факултет од Скопје покажале дела  носечките столбови по широчина на мостот, седум на број, оштетни биле надворешните, блиску до ивиците, додека тие во средината биле стабилни. Поради тоа се одлучи мостот да се пушти за сообраќај со наизменично пропуштење на возилата во еден правец, по средината и со  ограничена брзина од 30 км/ч, што е  решено со светлосна сигнализација, со семафори.

Во периодот од 3 јануари до 3 март до кога мостот беше затворен за сообраќај, целокупниот сообраќај се одвиваше низ центарот на Велес, каде минеа и тешки товарни возила, исклучиво во ноќните часови.

Времениот сообраќај создаде сообраен хаос низ градот, кога од еден во друг дел на Велес се патуваше по 30-40 минути.  Мостот беше итно затворен на 3 јануари, по барање на Државниот сообраќаен инспекторат, откако од Градежниот факултет стигнале резултатите од редовната контрола која се извршувала два пати годишно, на оштетени мостови. Тие покажале дека мостот е небезебден.

Градоначалникот ги  образложи  причините, зошто мостот беше пуштен пред да биде саниран.

„Целта е да се растовари сообраќајот во градот. Најлесно е да го затвориме,  и чекаме да почне реконструкцијата, но направивме, се за да се реши проблемот со сообраќајот во центарот на градот, да го олесниме животот на велешани“ – кажа градоначалникот Колев.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати