Определени дефицитарните занаети на територијата на Општина Велес, како и субвенција за нив

Петар Печков

Советот на Општина Велес едногласно донесе одлука за  субвенција на дефицитарни занаети, кои постојат на територијата на општината.  Помошта е во висина од 15 илјади денари. 

Беше донесена и одлука кои се дефицитарните занаети во велешко, а  согласно податоците од Регионалната Занаетчиска Комора – Велес.

Со оваа одлука се определуваат како  дефицитарни занаетчии и занаети во изумирање: грнчари, ковачи, опинчари, јажари, крзнари, шапкари, свеќари, венци, корпари, копчари, кујунџии, каменорезачи, клучари, саатчии, ткајачи, кондураџии, фурнаџии – фурна на дрва, рачна изработка на сита, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти, резба на дрво и бакар, пирографија, изработка на народни носии, домашна ракотворба, ракотворби - изработка на сувенири и производи од хартија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати