Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 јули 2026
Се реконструира зграда – војнички павилјон во велешката касарна Алексо Демниески Бауман. Обновата на зградата вреди 11 милиони денари, средства од Министерството за одбрана. Опфаќа површина од 450 м2. Промените се 65 прозори со ПВЦ. Се работи на приклучување на хидрантска мрежа на издвоениот објект во Отовица во кој за прв пат припадниците на армијата ќе добијат питка вода.
„Се променува се, од водовод, канализација, дограма, санитарни јазли, под, а наскоро ќе се менува и кровот. Очекувам дека до крајот на годинава ќе се завршат градежните работи. Промената на крововите е во вредност од 20 милиони денари за неколку згради во повеќе касарни. Во војните објекти во Отовица се носи питка вода за пиење. Сакаме граѓаните да видат дека со нивни пари секаде се помага, се работи, чекор по чекор“ – кажа Владо Мисајловски, министер за одбрана.
Тој дополни дека објектот ќе биде и опремен со нова опрема. Мисајловски објави дека во тек била постапка за впишување на објекти, кои не биле впишани во сопственост на армијата.
„Помагаме во повеќе општини, не само пожари, за регулирање на депонии, изградба на патишта. Моментално работиме во седум општини. Ова откако инженериското одделение доби нова опрема. Градоначалниците се тие кои треба да понудат проекти а ние да работиме“ – дополни Мисајловски.
