За Питијадата продолжено е работното време на угостителите за два часа

Петар Печков

Советот на Општина Велeс  донeсе одлука со која се продолжува  работното време на угостителските објекти во Општина Велес по повод одржувањето на Гастрономско-туристичката манифестација „Фестивал на велешка пита и вино-Питијада“.

Со оваа Одлука продолжува  работното врeме на угостителските објекти кои работат на подрачјето на Општина Велес, за време од два часа од регистрираното работно време на угостителскиот објект.

Продолжувањето на работното време од два часа, важи од 09.10.2026 година до 11.10.2026 година, по повод одржувањето на Гастрономско-туристичката манифестација „Фестивал на велешка пита и вино - Питијада“.

Поврзани »

ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

ОГЛАС за избор на 25 судии-поротници во Основен суд Велес
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати