Петар Печков
Објавено: четврток, 06 август 2026
Од почетокот на месецов вратени се во сообраќај патничките возови кои сообраќаа за Велес и Битола во пладневните часови. Информацијата ја потврдија до Македонски железници. Во пракса тоа значи од 1 август повторно сообраќаат локалните возови од Скопје зе Велес кои тргнуваат во 8ч и во 13:20ч. како и од Велес за Скопје во 12:10ч и во 14:25ч. Сообраќаат и пладневните од Битола за Скопје во 12:46 ч. и од Скопје за Битола во 14:30ч.
Со ова во сообраќај се три патнички воза за Битола и од Битола, по два за Гевгелија и од Гевгелија и три локали од и за Велес. И по два кои сообраќаат наутро и попладне од и за Куманово. Или во функција се сите патнички возови по важечкиот возен ред на Македонски железници, со важност од 14 декември 2025 до 12 декември 2026 година.
Железничкиот сообраќај од Скопје кон Велес, Гевгелија и Битола беше во целосен прекин од 22 јуни до 15 јули поради реконструкција на делницата од пругата од Скопје до Зелениково за потребите на градскиот воз кој од есен треба да сообраќа на оваа релација.
Од 15 јули до 1 август беа пуштени патничките возови кои сообраќаат на утро и навечер. По реконструкцијата на оваа делница возовите сега наместо со 20 км/ч возат со 50 км/ч а наскоро ќе сообраќаат со редовна брзина од 80 км/ч.
