Тргнаа патничките возови од и кон Битола, по еден месец пауза

Петар Печков

Од денес среда тргнаа и патничките возови од и за Битола. Ќе сообраќаат два од трите предвидени со годишниот возен ред на Македонски железници. 

„По завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште Никола Карев,  од 15 јули започнаа да сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и Битола Скопје“ – соопштија од  ЈП МЖ Инфраструктура.

Во пракса ќе возат патничките возови кои од Скопје тргнуваат во  7:06 и 20:05 а од Битола за Скопје во 03:10 и 18:22 часот.  Железничкиот сообраќај кон Битола беше во прекин од 22 јуни. 

По македонксите пруги освен кон Битола,  возат патнички возови и кон Гевгелија и Куманово, и тоа  исклучиво во утринските и попладневните, вечерни часови. Пладневните возови кои сообраќаа кон Битола и Велес ги нема. Возовите кон Кичево и Кочани не сообраќаат од мај 2021 година. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

  • да
  • не
Резултати