Петар Печков
Објавено: среда, 22 јули 2026
Советот на Општина Велес издвои дополнителни 10,4 милиони денари кон ЈКП Дервен за да се изврши обврската која локалната власт ја имала кон велешките комуналци од претходните години. По ставката за јавна чистота беа изгласани 2,3 милиони денари за одржување на јавното зеленило 8,1 милион.
Објаснувањето зошто ова се случува на средина од годината, се одобруваат средства надвор од тие за годишната програма, одговор даде Петре Цилаков, раководител на сектор.
„Плаќаме заостанат долг за неплатени фактури во согласност со расположливите средства од Буџетот на општина Велес. Имаме неплатени фактури кон ЈКП Дервен од изминатите години а со цел да се намали долгот, колку сме во можност. Откако овој градоначалник е на позицијата ги плаќаме редовно обврските кон ЈКП Дервен, година за година. Меѓутоа од претходно имаме со години заостанат долг, кога не се плаќале обврските кон ЈКП Дервен, градоначлникот гледа да ги израмни ставките и дојдеме до салдо нула да не застари“ – кажа Цилаков.
Ha истата седница, директорот на ЈКП Дервен Горан Наунчев информира дека од овие средства, ќе се набави нов камион за подземно собирање смет.
„Овие средства што ги одбори Советот, ќе се набави камион, повик за набавка кој штотуку заврши. За празнење на подземните контејнери имавме еден камион, се набавува ново комбинирано возило. За подземни контејнери и оние мали пластиучни кантиз а смет од 1,1 л.“ – рече Наунчев.
Во првите три месеци од годинава ЈКП Дервен бележи загуба од 7 милиони денари. Долгот кој локалната власт го има кон ЈКП Дервен е помеѓу 10 и 15 милиони денари.
